Двајца македонски државјани уапсени во Италија за шверц на дрога – еве што заплени полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската полиција уапсила двајца македонски државјани, едниот од нив без дозвола за престој во оваа земја, за недозволена трговија со наркотични средства.

Повикувајќи се на италијанската полиција, Топ чанел пренесува дека од запленетите 680 килограми хашиш и марихуана, дури 600 килограми биле откриени во камион натоварен со струготини, со кој управувале македонските државјани. Кај едниот од нив пронашле и пиштол „магнум“ наполнет со куршуми.

Останатите 80 килограми се откриени во автомобил, подготвен за транспорт, во кој биле двајца албански државјани, кои исто така се уапсени.

Се наведува дека четворицата живееле меѓу Алесандрино и Асти, а постојат основи на сомнение дека дрогата е прошверцувана од Албанија.

Освен дрогата, во акцијата се запленети оружје и 3.300 евра. Во интерес на истрагата не се наведува идентитетот на уапсените, чија база била во магацин до трговски објект.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This