October 6, 2022, 1:42 am

Двајца од возачите во „Беса транс“ биле вработени во ЈСП, зеле денови од одмор за да возат до Истанбул

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за транспорт и врски уште чека информации од Обвинителството или од Министерството за внатрешни работи, кои се другите возачи кои со автобусот на „Беса транс“ поминувале со лажна лиценца преку граница. Досега, заедно со надлежниот инспекторат, ги провериле само сертификатите на двајцата возачи од настраданиот автобус, во чија несреќа загина 45 луѓе од кои 12 деца, но не и на останатите 6 шофери, кои ги возеле другите три автобуси на компанијата.

Веќе ги дадовме сите документи во Обвинителството кои ги има нашата база на податоци, а се однесуваат за ова правно лице. Стоиме на располагање на истрагата и не би сакал Министерството да се претвори во истражен орган и да лицитираме со секакви информации, изјави денеска министерот Благој Бочварски.

Досегашната истага покажа дека загинатите возачи не биле вработени во „Беса транс“, едниот имал важечки сертификат, а вториот истечен. Шофер на еден од останатите 3 автобуси бил соспвеникот на компанијата, а имало и двајца шофери вработени во ЈСП, кои си зеле одмор од државното препријатие и фатиле тура за Истанбул. На новинарските прашања околу ова, Бочварски повика да се почекаат информациите од институциите по што ќе излезат со став.

На прашање за одговорност на ресорот што го предводи поради несреќата во која загинаа 45 патници, а седум беа повредени, Бочварски рече дека во рамки на нивното делување издавањето на лиценците е целосно непречено до овој момент, лиценци се издавани за компани кои побарале да вршат таква дејност, како и изводи од лиценци за сите кои побарале да добијат таков документ за своите возила за да патуваат и да вршат одредена дејност.

Овој автобус со лиценца од друго возило дури 113 пати оваа година ја минал државната граница и други граници низ Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This