дома Хроника ДВАЈЦА СКОПЈАНИ НАПАДНАТИ ОД УЛИЧНИ КУЧИЊА НА РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ: Надлежните немоќни да...

ДВАЈЦА СКОПЈАНИ НАПАДНАТИ ОД УЛИЧНИ КУЧИЊА НА РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ: Надлежните немоќни да се справат со агресивните улични кучиња, нови напади на лица по Скопските улици

Двајца граѓани во едно денонокије пријавиле напад од улични кучиња. Двата напади се случиле на различни локации во град Скопје, едниот во населбата Драчевоа, а другиот во Аеродром.

Г.Н.(48) утринава во 1:30 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека вечерта околу 00:10 часот на булевар “АВНОЈ“ додека се движел со неговиот малолетен син, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

И.К.(27) вчера во 15:20 часот во Полициската станица Драчево пријавил дека ноќта околу 3:00 часот додека се движел по улица „Коперникова“ бил нападнат и каснат за левата нога од куче-скитник.