дома Македонија ДВА ДАТУМИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Референдум за промена на името на 9 или...

ДВА ДАТУМИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Референдум за промена на името на 9 или 16 септември

Референдумот на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се за промена на името со цел членство на Македонија во ЕУ и во НАТО ќе биде закажан на 9 септември, ден по одбележувањето на 27 годишнината од референдумот за прогласување на независноста на Македонија што се одржа на 8 септември 1991 година.

Според сознанија на весникот „Независен“, Собранието во јули ќе го распише референдумот кој мора, според законот да се одржи исклучиво во недела.

„Доколку се процени дека не е прагматично новиот референдум да се поврзува со Денот на независноста, како следен можен датум се спомнува следната недела, односно 16 септември“, пишува весникот.