Два силни земјотреси ноќеска ја пoгодија Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди југот на Грција.
Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од речиси 58 километри, нешто по 5 часот во морето меѓу полуостровот Пелопонез и островот Крит, соопшти грчкиот институт за геодинамика.
Медиумите јавуваат дека земјотресот бил почувствуван од Атина до Крит.

Земјотресот е почувствуван во повеќе области на Пелопонез, како Каламата и Триполи, но и во Атика.

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала претходно беше регистриран во областа помеѓу пристанишниот град Килини и островот Закинтос, а според извештајот на Институтот за геодинамика во Атина, сеизмичката вибрација била со фокусна длабочина од 26 километри. Килинија, јави Танјуг.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This