дома Македонија ДВОЕН ТРИУМФ НА КАРПОШ: Јакимовски реизбран за Претседател на Гром, Карпош Соколи...

ДВОЕН ТРИУМФ НА КАРПОШ: Јакимовски реизбран за Претседател на Гром, Карпош Соколи со победнички пехар

Стевчо Јакимовски, лидерот на Граѓанската опција за Македонија и градоначалник на општина Карпош повторно ја доби поддршката од своето членство и беше и официјално избран за претседател на ГРОМ. Во Македонската опера и балет, на Второто Собрание Јакимовски со акламација доби мандат да ја води партијата и во наредиот период и да ја етаблира ГРОМ за трета политичка опција во Македонија.

Вечерва пак, во Кавадарци, кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“ поддржан од Општина Карпош го освои Кошаркарскиот куп на Македонија, победувајќи го во финалето ривалот од Кавадарци „Фени Индустри“ со 80:69 и закитувајќи се со златен медал за кошаркарите, како и со првата тутула во клупската историја и со победнички пехар за овој растечки клуб.

 

ФОТО: Екипа.мк