дома Актуелно ДВОЈАЗИЧНА АРМИЈА, ДВОЈАЗИЧНИ ПАРИ, ДВОЈАЗИЧНА ПОЛИЦИЈА: Со овие работи се тргувало вчера...

ДВОЈАЗИЧНА АРМИЈА, ДВОЈАЗИЧНИ ПАРИ, ДВОЈАЗИЧНА ПОЛИЦИЈА: Со овие работи се тргувало вчера во Мала Речица!

Можеби најрадикалното барање на партиите на Албанците е амблемите на полицијата и на Армијата, како и командите, да бидат двојазични


ДУИ во преговорите за давање потписи за формирање влада постојано ги зголемува своите барања. Како што дознаваме од партиски извори, во новите услови на ДУИ, надградени и проширени, се бара банкнотите да бидат двојазични.

Конкретно, денарите освен на македонски, да бидат испишани и на албански јазик. Онаму каде што стои сумата од, да речеме сто денари, напишана на македонски, да биде напишана и на албански јазик. Исто така, се бара мотивите на банкнотите да бидат од албанската историја и од нивни значајни личности.

ДУИ, исто така, бара таблите на граничните премини каде што стои „Добре дојдовте во Република Македонија“ да бидат испишани и и на албански јазик. И можеби најрадикалното барање на партиите на Албанците е амблемите на полицијата и на Армијата, како и командите, да бидат двојазични.

Засега нема информации дали овие барања се прифатливи за СДСМ и дали биле тема на разговор на вчерашната средба помеѓу Али Ахмети и Зоран Заев во Мала Речица.

Заев вчера беше прилично нејасен и контрадикторен во своето објаснување за текот на преговорите и дали неговата партија е подготвена да ги прифати условите на партиите на Албанците.

Лидерот на СДСМ синоќа првпат ја спомена можноста да не ги добие потребните потписи и дека не е подготвен да се чепка во Уставот.

– Желбата на СДСМ е да добиеме уставни решенија за употреба на решенијата. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот. Ако имаме разлики, ќе го одложиме за шест месеци и ќе имаме јавна дебата за граѓаните да одлучат – рече Заев.

/Телеграф/