дома Политика ДВОЈАЗИЧНА МАКЕДОНИЈА СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ: Османи очекува поддршка од сите политички партии...

ДВОЈАЗИЧНА МАКЕДОНИЈА СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ: Османи очекува поддршка од сите политички партии за законот за двојазичност на 13-ти септември!

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека очекува Законот за употреба на јазиците, кој со европско знаменце е доставен до Собранието, да се најде пред пратениците на 13 септември и да добие поддршка од сите политички партии.

– Нашите информации се дека ќе биде ставен на дневен ред некаде на 13 септември и очекуваме брзо да се усвои бидејќи законот е со европско знаменце. Тука процедурите се дефинирани. Очекуваме и повикуваме сите политички партии да гласаат позитивно за овој закон бидејќи сметам дека така на најдобар начин ќе направиме големо унапредување во делот на Рамковниот договор кој е одобрен и потпишан од сите политички партии меѓутоа и ќе покажеме волја за соживот и прифаќање на различностите, изјави вицепремиерот Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на седницата на Работниот комитет за европски интеграции.