дома Локално ДВОЈАЗИЧНИ ТАБЛИ ВО СТРУМИЧКО ВЕЉУСА: „Мердита“ ги пречека учениците од струмичко Вељуса,...

ДВОЈАЗИЧНИ ТАБЛИ ВО СТРУМИЧКО ВЕЉУСА: „Мердита“ ги пречека учениците од струмичко Вељуса, повеќе табли и патокази двојазични!

Струмичка Вељуса, можеби најпатриотското село на верниот Исток осамна двојазично

Населеното место на само неколку километри од Струмица, славно по своите патриоти кои несебично се жртвуваа за независноста на Македонија, кои неправедно беа осудувани и затварани, дел од нив и коските ги оставија во затворите, а на дел сеуште не им се знаат вечните почивалишта доживеа да види двојазични пораки испишани на училишниот влез.

Учениците беа непријатно дочекани со албанскиот поздрав „Merdita“ (Добар Ден) испишан на влезот на училиштето. Освен ова, осанаа и повеќе табли и патокази кои беа „претворени“ во двојазични.