дома Македонија ДВОЈАЗИЧНОСТА ПОЧНА ДА СЕ СПРОВЕДУВА: Иванов може гаранциите слободно да ги фрли...

ДВОЈАЗИЧНОСТА ПОЧНА ДА СЕ СПРОВЕДУВА: Иванов може гаранциите слободно да ги фрли во канта – двојазичноста на дело во МВР!

Дека гаранциите на Заев „пет пари“ не вредат стана јасно уште во моментот кога Зијадин Села изјави дека ниту тој, ниту другите албански партии немаат потпишано никакви гаранции кај „некој“ претседател, додавајќи дека условите од Тиранската платформа мора да се исполнат бидејќи биле договорени уште во коалициските преговори

 

Ваквите ставови ги потврди и секретарот на партијата на Села, кој во емисија на Алсат-М тврдеше дека законот за јазиците, односно воведувањето на двојазичност во државата ќе биде еден од приоритетите на коалицијата со СДС, но додаде и дека ваквата влада нема да трае подолго од една година. Со ова, Таравари стави до знаење дека идејата позади ваквата коалиција е во најбрз можен рок да се наруши унитарноста на државата и да се заврши проектот за кантонизација (гетоизација) на Македонија. Проект започнат со Охридскиот рамковен договор во 2001-та.

https://www.youtube.com/watch?v=MJ9oUSGEVEc

Дека двојазичноста е еден од приоритетите на Тиранското парламентарно мнозинство, покажува и фактот дека од неодамна барањата за издавање на лични документи во МВР се издаваат исклучиво двојазично.

Актуелен технички министер во МВР е Агим Нухиу, кадар на ДУИ од каде што исто така потврдуваат дека воопшто не станало збор за исклучување на барањата од Тиранската платформа, и дека не се заинтересирани за гаранциите на Заев пред претседателот Иванов.