дома Балкан ДВОЈНИ АРШИНИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: ЕУ врши притисок само врз Приштина додека...

ДВОЈНИ АРШИНИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: ЕУ врши притисок само врз Приштина додека Србија прави што сака!

Веќе два месеци откако се воведени даноците, Европската Унија врши притисок врз владата на Харадинај да ги укине, рече Коцијанчиќ.

Меѓутоа, албанската страна се жали дека Еу не постапува исто кога се работи за дипломатските офанзивни дејствија на Србија со кои таа се обидува да ја укине веќе признатата независност на Косово, дејствија кои Косово ги смета за некоректни и контрапродуктивни.

Кочијанчик исто така рече дека очекува Приштина и Белград да ги нормализираат меѓусебните односи и да се создаде поволна клима за што поскоро постигнување договор за иднината на регионот.

Приштинските медиуми истакнуваат дека дијалогот е во мирување, бидејќи Србите не сакаат да преговараат додека Приштина не ги укуне даноците.