September 26, 2022, 9:25 pm

Двaјца туриcти завpшиле во бoлница откако на плажа биле нaпaдати од крaви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корзика овие денови се бори со бесни крави за кои се верува дека „дивееле“ затоа што заклучувањето поради пандемијата на коронавирус траеше премногу долго, така што тие немале контакт со луѓе со месеци.

Агресивните крави предизвикале вистинска драма на една од најпознатите плажи во островскиот рај на Корзика, откако, од непознати причини, почнале да напаѓаат туристи, при што многу луѓе биле принудени да побегнат од бесните животни.

Поради инцидентите што се ределе еден по еден неколку дена, властите на островот, кој е под контрола на Франција, одлучија да ја затворат плажата.

Патем, островот е дом на околу 15.000 крави, кои, според локалните медиуми, станале невообичаено агресивни по една година заклучување поради пандемијата на коронавирус.

Имено, во тоа време, скоро немало луѓе на плажите во близина на животните, па се верува дека тоа е причината за промената на нивното однесување.

– Еден маж беше хоспитализиран откако кравите го повредија во пределот на вратот на плажата во Лоту, друго стадо ги бркаше туристите по популарна улица на тоа место, додека седумдесетгодишна жена беше пренесена во болница поради повеќекратни повреди на ногата. Тие се создадени кога крава ја нападнала додека простирала алишта пред куќата во планинското село Локија – објавија лондонски Тајмс и наведоа дека несреќната жена е повредена на само два сантиметри од артеријата, па затоа е избегната трагедија само со чиста среќа.

Покрај тоа, кравите дивееле во јужниот дел на островот, недалеку од Ајарси, така што голем број плажи биле затворени.

Животните оштетиле бројни автомобили, но влетале и во приватни имоти и ги растерале луѓето кои биле на одмор.

– Отпрвин, беше интересно за туристите, сепак, работата наскоро стана многу сериозна – истакна локалниот службеник, додека експертите за животни издадоа предупредување дека е најдобро за луѓето кога ќе видат стадо крави да им се приближувам да им дадат предност на животните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This