дома Политика ДЕБАКЛ ВО ПРИЛЕП: Очигледна е разликата во градот херој – само 18...

ДЕБАКЛ ВО ПРИЛЕП: Очигледна е разликата во градот херој – само 18 полупразни автобуси за СДСМ, наспроти 100 на ВМРО-ДПМНЕ!

Само 18 автобуси од Прилеп и тоа полу празни, се упатија за централниот митинг на СДСМ во Скопје. Прилепчани му го свртија грбот на Заев и покажаа дека не се за двојазичност и федерализација на државата.

Гневот во Прилеп особено се почувствува по изјавата на Зоран Заев во центарот на Прилеп, каде најави воведување на двојазичност и во етнички чиста средина како Прилеп.

Поддршката изостана и од ромското население, од каде според очевидци имало само 30тина граѓани кои се упатиле кон Скопје.
За разлика од тоа, за централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела од Прилеп се упатија повеќе од 4000 граѓани, кои ги поддржаа стотиците проекти за градот од новата програма Реално.

За разлика од СДСМ, Прилеп буквално беше мобилизиран за митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Минатата недела од Прилеп тргнаа речиси 100 автобуси, и голем број на комбиња но и приватни автомобили.