дома Хроника Дебарчанец го оштeтил буџетот за пола милион денари, си изградил објект на...

Дебарчанец го оштeтил буџетот за пола милион денари, си изградил објект на автобуската станица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ј.З. (47) од Дебар поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Пријавениот во текот на 2019, во просторот на автобуската станица во Дебар на катастарска парцела во Дебар, узурпирал земјиште-сопственост на државата со површина од 125,8 метри квадратни и на истата локација без да обезбеди одобрение за градба започнал градба на индивидуален градежен објект.

Со ваквите дејствија пријавениот противправно се стекнал со имотна корист во износ од 487.409 денари и во толкав износ го оштетил Буџетот на државата.