дома Социјални Мрежи ДЕБЕЛИОВ МИСЛИ ДЕКА Е МНОГУ ХУМОРИСТИЧЕН: Петар Арсовски сака да ги испрати...

ДЕБЕЛИОВ МИСЛИ ДЕКА Е МНОГУ ХУМОРИСТИЧЕН: Петар Арсовски сака да ги испрати интелектуалците во некоја непријателска земја, Грчева му одговори

Екс-пратеничката на СДСМ Солза Грчева реагираше на последната колумна на Петар Арсовски, кој синхронизирано со неговите идеолошки колеги како Фрчковски и Геровски последните неколку дена се обидуваат да ја декласираат иницијативата на 200 македонски интелектуалци за одбрана на името на државата

Грчева пишува дека, милсела оти само во режимите на Хитлер и Сталин интелектуалците биле мета на одмазда и „испраќање во казани“ за да бидат „сварени“.

„Малиов, поточно, дебелиов мисли дека “бидуел многу хумористичен“. Ќе ги извезел 200-те потписници на Прогласот во некоја непријателска земја, веројатно кај некое племе да не свари во казан. И проблемот ќе се реши. Ќе остане овде само подлизурковската и добро подмачкана боранија, која ќе си изигрува “експертска“ или “аналитичарска“ јавност.
А ние си мислевме дека само на Хитлер и на Сталин им пречеа интелектуалците кои им подметнуваа “кочани во тркалата на револуцијата која тече“.
Колку за извозот, ако е по маса/кг, тој е многу подоходовен.
Шегата настрана, за ова повикување на линч, во сериозна држава се одговара.“ – пишува Грчева на својот ФБ профил.