дома Занимливости Дедо Мраз ќе пристигне со воен хеликоптер во Скопје

Дедо Мраз ќе пристигне со воен хеликоптер во Скопје

Припадниците на воздухопловната бригада на АРМ и Синдикатот на вработени во Министерството за одбрана ќе им доделат новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на воздухопловната бригада на АРМ, како и на останатите команди и единици на АРМ и МО.

Церемонијата ќе се одржи денес на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Оваа препознатлива манифестација традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници, а за најмладите е посебно атрактивна поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со транспортен воен хеликоптер од составот на ВБР.