дома Европа ДЕЛЕЛ ВРЕЌИ СО ПАРИ: Мистериозен добротвор поделил околу 200,000 евра во Брунсвик,...

ДЕЛЕЛ ВРЕЌИ СО ПАРИ: Мистериозен добротвор поделил околу 200,000 евра во Брунсвик, Германија

Мистериозен добротвор оваа година поделил неколку вреќи со пари во вкупен износ од 200.000 евра во германскиот град Брунсвик, јавува агенцијата ДПА.

Вреќите во кои имало износи од 20.000, па до 100.000 евра биле доставени во локалниот весник „Брауншвајгер цајтунг“ со инструкции на која организација треба да им се предадат. Некоја вреќа е за поправка на црква, друга за жpтви на kpиминал, трета за тешkо бoлни деца…

Во овој град вреќи со пари повремено се појавуваат од 2011 година, а весникот пишува дека само годинава анонимниот донатор поделил 200.000 евра. Од 2013 до 2015 година, пак, околу 250.000 евра анонимно им биле дадени на народни кујни и на детски градинки.