дома Спорт Дел Потро го сруши Иснер и обезбеди полуфинале во Њујорк

Дел Потро го сруши Иснер и обезбеди полуфинале во Њујорк

Аргентинскито тенисер Хуан Марин Дел Потро е првиот полуфиналист на машкиот дел од УС Опен, кој се одржува на терените во Њујорк. Високиот Аргентинец го доби четвртфиналето на двата сервери против домашниот тенисер Џон Иснер со 3-1 во сетови – 6-7/5, 6-3, 7-6/4, 6-2.

Клучен околу победникот беше тај-брекот во третиот сет кој го доби Дел Потро и потоа лесно се справи со психички разнишаниот Иснер и обезбеди полуфинале. Противник на Дел Потро во мечот во кој влог ќе биде Грен слем финале, ќе биде победникот од дуелот Надал – Тием.

Во долниот дел од костурот утре попладне се среќаваат: Ѓоковиќ – Милман и Чилиќ – Нишикори.