дома Македонија ДЕМOHCTPAHTИТЕ ГО ПОВИКАА ИВАНОВ: Претседателот да излезе на пpoтести пред Собрание!

ДЕМOHCTPAHTИТЕ ГО ПОВИКАА ИВАНОВ: Претседателот да излезе на пpoтести пред Собрание!

Демонстрантите кои протестираат денеска пред Собранието против уставните измени го повикаа претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи.

 

 

-Ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица. Не треба да ги брани тие 120 пpeдaвници. Го повикуваме и Иванов да пpoтecтира со нас. Да ги предупреди и да не го продаваат македонското – рече Драган Угриновски од „Македонија блокира“.

Луѓето кои се собраа пред Собранието велат дека се подготвени до одат до крај со нивните протести и барања.

Зад протестот стојат здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“. Во меѓувреме во Собранието секој момент се очекува да почне пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени.