дома Религија Денеска е Пpeподобен Теодосиј Велики

Денеска е Пpeподобен Теодосиј Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јануари

Денеска е Преподобен Теодосиј Велики.

Свети Теодосиј е кападокиец. Роден е во 424 година, проживеал 105 години и се претставил пред Бога во 529 година. Во младоста го засакал монаштвото и отишол во Палестина, каде се запознал со подвижниккиот живот. Се повлекол во една пештера близу Витлеем и во неа се подвизувал 30 години. Така, тој ја достигна блажената состојба на душата, го облагодати телото и се исполни со непрестана радост, а Бог го надари со дар на чудотворство и прозорливост. Потоа основа манастир близу Ерусалим.

Инаку, свети Теодосиј Велики се смета за основач на општожителната форма на монашкиот подвиг.