December 8, 2022, 6:37 am

Денеска е Св. маченици Аникита и Фотиј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 август.

Денеска е Св. маченици Аникита и Фотиј.

Свети Аникита беше римски комит, воен великодостијник, во град Никомидија за време на Диоклецијан. Околу 305 година императорот беше дошол во Никомидија и тука нареди општ прогон на христијаните. Свети Аникита не можеше мирно да го гледа страдањето на невините, па застана пред царот и откриено исповеда дека е христијанин.

Неговиот пример го следеше и роднината Фотиј. Двајцата беа ставени на маки, а потоа изгорени заедно со многу други христијани.

Од католичкиот календар: Денеска е Св. Људевит.

Бил роден во 1215 година во Франција. На 22-годишна возраст станал крал на Франција. Кога се оженил имал 11 синови кои добро ги воспитувал. Се одликувал со дух на покор и молитва, како и голема љубов кон сиромашните. За време на управувањето со кралството настојувал да ја шири Божјата слава меѓу народите. Секој ден одел на света Миса. Свети Људевит во Франција спроведувал праведни закони. Умрел во 1270 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This