дома Религија Денеска е спомен на Полагањето на pи3ата на Пресвета Богородица во Влаxернската...

Денеска е спомен на Полагањето на pи3ата на Пресвета Богородица во Влаxернската црква во Цариград

Во времето на царот Лав Велики (458–471), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости.

Во Назарет отседнаа во куќата на една вд овица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ри3ата на Пресвета Богородица. Многумина б олни и неволни добиваа исц еление за своите маки со молитва и со допирот на таа ри за. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот.

Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Риз ата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен).

Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.