дома Македонија Денеска изрекување пресуда за Никола Груевски

Денеска изрекување пресуда за Никола Груевски

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано изрекувањето на пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот во кој е обвинет за поттикнување незаконска набавка на луксузен автомобил „Мерцедес“.

На судењето за набавка на мерцедесот, вреден околу 600 илјади евра, СЈО побара затворска казна за Груевски. Според законот, за ова дело казната е од една до три години затвор. Покрај Груевски во овој случај, наречен „Тенк“ е обвинет и поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски кој вчера за друг случај, за незаконска набавка на 300 полициски возила, е казнет на 9 години затвор. Исто така е обвинета и екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска но, нејзе поради ризична бременост ќе и се суди одвоено.