дома Временска Прогноза Денеска и утре повремен дожд, в недела и в понеделник стабилно и...

Денеска и утре повремен дожд, в недела и в понеделник стабилно и потопло

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, прогнозира УХМР за денеска. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а максималната температура треба да достигне до 11 степени.

Утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.