дома Временска Прогноза ДЕНЕС ВРЕМЕТО: Облачно со сончеви периоди и слаб ветер

ДЕНЕС ВРЕМЕТО: Облачно со сончеви периоди и слаб ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, претежно од северен правец, но повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно. Во утринските часови ќе има умерена облачност, а во текот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до осум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Позначителен пораст на дневната температура ќе има од петок и за време на викендот. В петок се очекува дневната температура да достигне до 17 степени.