дома Македонија ДЕНЕС СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО СОБРАНИЕТО ЗА СКЕНДЕРБЕГ:Ќе биде промовирана и поштенска марка...

ДЕНЕС СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО СОБРАНИЕТО ЗА СКЕНДЕРБЕГ:Ќе биде промовирана и поштенска марка со ликот на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег

 Талат Џафери денеска ќе ја отвори свечената академија зa 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

На свечената академија што ќе се одржи во салата „Голема купола“ во Собранието свои обраќања ќе имаат и директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците, д-р Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја д-р Драги Ѓеорѓиев и д-р Владо Поповски, историчар, член на Одборот за одбележување на 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

Ќе биде промовирана и поштенска марка со ликот на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, пред споменикот на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег, претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе го објави почетокот на манифестациите со кои ќе се одбележи „Годината на Скендербег”.