дома Временска Прогноза Денес – услови за слаби локални врнежи но и пораст на температурите!

Денес – услови за слаби локални врнежи но и пораст на температурите!

Денес (22.10.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со повремени слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Доцна попладне и во вечерните часови врнежите ќе престанат. Поради продот на топла воздушна маса од југ во текот на денешниот ден температурите ќе бидат во пораст и ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен.