дома Економија ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ ОЗНАЧЕН ПОЧЕТОКОТ: Изградба на магистралниот гасовод на делницата Штип –...

ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ ОЗНАЧЕН ПОЧЕТОКОТ: Изградба на магистралниот гасовод на делницата Штип – Неготино

Почетокот на изградбата на магистралниот гасовод на делницата Штип – Неготино ќе биде означен денеска.

Како што информираат од Акционерско друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ Скопје во државна сопственост, изградбата на делницата Штип – Неготино е втор дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија.