дома Балкан ДЕН НА ОCЛОБОДУВАЊЕТО НА КОСОВО: Албанците на Косово слават 20 години од...

ДЕН НА ОCЛОБОДУВАЊЕТО НА КОСОВО: Албанците на Косово слават 20 години од влегувањето на НАТО во Косово!

Албанците на Косово денеска од 11 часот на главниот плоштад во Приштина ќе одбележат 20 години од навлегувањето на НАТО-трупите, односно од „денот на оcлободувањето на Косово од српската власт“.

Од вчера во Приштина е тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а по него пристигна и тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, кои во главиот град на Косово ќе добијат признанија.

На денешен ден пред 20 години меѓународните трупи навлегоа на Косово, откако два дена претходно кај Куманово беше потпишана „Кумановската спогодба“, со што завршија бomбардиpањата на НАТО врз тогашна СР Југославија.