дома Локално Депонија со обувки во близина на село Чучер

Депонија со обувки во близина на село Чучер

Загрижени граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од  депонија полна со обувки на локација, како што наведуваат, на Скопска Црна Гора.

Граѓаните бараат комуналната инспекција да излезе веднаш на терен и да го  пронајде несовесниот загадувач, а обувките да бидат собрани и донирани.

Локацијата на расфрлените чевли е на половина пат меѓу село Чучер и Горно Блаце, 500 метри под патот, наведуваат граѓаните.