дома Хроника Детали за велешанецот кој пoчинал откако бил приведен од страна на полицијата

Детали за велешанецот кој пoчинал откако бил приведен од страна на полицијата

Шеесетгодишен велешанец вчера починал откако му се слошило во полициската станица во Велес.

На 18.02.2021 гoд. во 13.40 часот на ул.„Никола Карев” во Велес при легитимирање на З.П.(60), истиот го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Кога З.П. бил донесен во полициската станица му се слошило и била повикана екипа на итна медицинска помош која откако му пружила помош го пренела во Медицински центар во Велес, каде по кратко време починал. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.