дома Македонија ДЕТАЛИ ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО: Ова е наводната причина за приведувањето на Миленко Неделковски

ДЕТАЛИ ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО: Ова е наводната причина за приведувањето на Миленко Неделковски

Попладнево од фармата на неговиот брат е приведен новинарот Миленко Неделковски, кој во моментот се наоѓа во полициска станица Градско, од каде ќе биде префрлен во ПС Велес, дознава „Инфомакс“ од извори во полицијата


Како што дознаваме, Неделковски е задржан во полициска станица поради обвинение за насилство и закани кон високи државни функционери.

Претходно, Неделковски објави на неговата ФБ страница дека на врата дошле полицајци кои се обиделе да го приведат, без притоа да приложат соодветна документација и причина за приведувањето.