дома Хроника Детали од МВР за жената што избега од Инфективното одделение во...

Детали од МВР за жената што избега од Инфективното одделение во Гостивар

Педесет и деветгодишна жителка на скопско село, позитивна на „ковид-19“, вчера (30 август) околу 13.00 часот самоволно го напуштила гостиварското Инфективно одделение, излегувајќи преку прозорецот, информираат од МВР.

Набргу потоа, таа била пронајдена и вратена на натамошно лекување. Се расчистува и документира случајот и против неа ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.