дома Хроника Детали од МВР за yбиcтвото и обидот за caмоyбиство во Аеродром

Детали од МВР за yбиcтвото и обидот за caмоyбиство во Аеродром

Вчера во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д.(87) и В.Д.(59), татко и син, двајцата од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури.

Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.