дома Локално ДЕФЕКТОТ ВО ТРАФОСТАНИЦАТА ВО ЦЕНТАР САНИРАН: Не било експлозија, туку прекин на...

ДЕФЕКТОТ ВО ТРАФОСТАНИЦАТА ВО ЦЕНТАР САНИРАН: Не било експлозија, туку прекин на кабел

Не се работи за експлозија на трафостаница, туку за прекин на кабел при изведување градежни работи во Центар, информираат од ЕВН.

-Поради изведување градежни работи двапати во текот на денот скинати се кабли од подземната инсталација на ЕВН. Екипите интервенирале и проблемот е саниран. Корисните се префрлени на други напојни точки и замениети се каблите, информира портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.