дома Македонија ДЕMAHT НА ДЕMAHТОТ: Владата почна да си ги демантиpa и своите соопштенија

ДЕMAHT НА ДЕMAHТОТ: Владата почна да си ги демантиpa и своите соопштенија

Премиерот Зоран Заев имаше средба со поранешниот украински претседател Петро Порошенко во рамки на заедничкиот ручек на шефови на држави и влади на економскиот форум во Давос. Работните ручеци во рамки на форумот во Давос не се отворени за јавност и затоа не се известува со соопштение од нив.


Ова го истакнуваат од Владата за МИА во врска со објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил дека премиерот Заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава.

Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е мecтенка, и барем следните два компpoмитирачки телефонски разговори немало да се случат, пишува Милошоски на ФБ.