дома Македонија ДИБИРОВ: Денеска сите сме Македонци!

ДИБИРОВ: Денеска сите сме Македонци!

Русинот Тимур Дибиров не ја криеше својата радост поради новата европска титула која ја освои со Вардар.

Тој за време на прославата истакна дека денеска сите ракометари се чувствуваат како Македонци, како и тоа дека ако Столе е играчот со број 5, тогаш тој е играчот со број 31.

-Столе, ти си наша икона. Ако овој е ’играч со број 5’, тогаш јас сум играч со број 31! И верувајте, денеска ние овде сите сме Македонци. Ви благодариме на сите за огромната поддршка, сакаме најмногу од се вас да ве израдуваме. Еден живот, една љубов, Вардар!, рече Дибиров.