дома Uncategorized „Диво насеље”: Сведоците на одбраната раскажаа за кобниот 9 мај

„Диво насеље”: Сведоците на одбраната раскажаа за кобниот 9 мај

Седуммина сведоци на одбраната денеска сведочеа во Врховниот суд во Скопје за случајот за хоророт во кумановската Дива Населба. Рочиштата повторно ги отворија вратите за очите на јавноста.

Денеска неколку сведоци раскажаа што се случувало на кобниот 9 мај 2015 година. Првиот сведок, Игор М. кој е вработен во МВР, даде исказ по барање на обвинетиот Арсим Бајрами. Сведокот истакна дека утрото на 9 мај го видел обвинетиот Бајрами во селото Речица, а и позборувале на кратко. Бајраму му рекол дека оди кон полициската станица бидејќи го повикале, а инаку бил на боледување.

Потоа, на денешното рочиште сведочеше Момчило Ц., вработен во средно училиште, кој во судот се појави по покана на одбраната на обвинетиот Ирфан Љутвиу. Љутвиу му бил бербер, истакнувајќи дека последен пат се шишал кај него на 3 мај и дека берберот работел до доцна навечер, бидејќи кај него секогаш имало гужва.

На покана на обвинетиот Мусадик Бајазити денеска сведочеше и Саити И. кој истакна дека со Ајдани се виделе ден пред терористичкиот напад, и поминале голем дел заедно, а денот им поминал сосема вообичаено.

Инаку, денеска е забележано зголемено присуство на полциијата на улиците, како и хеликоптери кои го надлетуваат Скопје. Наредното рочиште е закажано за петок.