дома Занимливости ДИЗНИ Е ФАВОРИТ ЗА КУПУВАЊЕ НА ТВИТЕР

ДИЗНИ Е ФАВОРИТ ЗА КУПУВАЊЕ НА ТВИТЕР

Дизни е во разговори со банките за финансискиот потенцијал од купувањето на Twitter. Веста ја потврдија извори на TechCrunch.

Интресоt на Disney е логичен, компанијата има содржина, а Twitter е можна платформа за споделување на оваа содржина. Disney е сопственик на спортскиот канал ESPN, а Twitter и сега ги пренесува NFL натпреварите во четврток. Дополнително директорот на Twitter, Џек Дорси е дел од бордот на Disney.

Интересно, по веста за купувањето, акциите на Twitter продолжија да растат, но акциите на Disney паднаа. Twitter е проценет на максимални 30 милијарди долари, но цената е за која размислува Disney е пониска.

Во споредба со Facebook, Twitter има многу помал број на членови. Платформата е по бројот на членови е помината од Instagram и Snap. Сепак членови на Twitter се влијателни, спортитстите и јавните личности имаат свои канали. Со ESPN и содржината која ја има и стримовите во живо Disney може да помогне за нови содржини и членови.

Бројот на вести за продажба на Twitter и интересот на повеќе компании за микро-блогот. Бројот на корисници од 300 милиони е џуџест во споредба сo Facebook, но нема други друштвени мрежи со волку членови кои се на продажба. Дополнително Twitter секако ќе се обиде да ја монетаризира влијателноста на влијателните корисници. Најверојатно уbедувајќи ги компаниите дека ова е платформата на која луѓето доаѓаат да разговараат за важни теми.