дома Македонија ДИК: До 10 часот излезноста е 6,05%

ДИК: До 10 часот излезноста е 6,05%

До ДИК пристигнале 75,28% од вкупниот број на избирачки места. Од нив гласале 80.569, односно 6,05%. Највисока излеснот има во Прилеп 11,05%, Свети Никола 11,48%, Пехчево 10,22%, Македонски Брод 10,11.


Најмала излезност има во Боговиње, 1,79%, Липково 0,97%, Долнени 1,85% и Желино 1,82%, соопштија од ДИК.

Гласањето во село Студеничани се уште не е почнато, бидејќи одговорното лице кое требало да ја отклучи просторијата каде треба да се гласа, тоа одбивало да го стори и поради тоа од ДИК соопштија дека тука, односно на избирачкото место 2344 гласање воопшто нема да има..