дома Социјални Мрежи Димитриевски побара итно да му се врачи пpoтесна нота на бугарскиот амбасадор...

Димитриевски побара итно да му се врачи пpoтесна нота на бугарскиот амбасадор поради шовинистичките изјави на Каракачанов

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски реагираше на шовинистичките изјави на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов. Тој апелираше до министерството за надворешни работи да реагира за навредливите и понижувачки изјави и веднаш да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота.

Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани, напиша Димитриевски на фејсбук.

Димитриевски побара доколку премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, не се огради од ваквите навредливи изјави на Каракачанов, итно да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор.

Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот Вице Премиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение. Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани. Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица. Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота, напиша тој на фејсбук.