дома Македонија Димитров: Бугарско-македонската комисија е заглавена во средниот век

Димитров: Бугарско-македонската комисија е заглавена во средниот век

Копретседавач на бугарско-македонската комисија за историски прашања, бугарскиот историчар Ангел Димитров, вели дека најголемиот проблем на комисијата, формиран за решавање на проблемите што ги спорат двете земји, е тоа што таа е „заглавена во раниот среден век“.

Димитров тврди дека Македонците го оспоруваат „бугарскиот карактер на Самуиловата империја“ пред 1.000 години, што според него е спротивно на историските извори и современите достигнувања на светските студии.