дома Македонија ДИМИТРОВ: Македонците зaглaвeни на границите тргнале кон дома

ДИМИТРОВ: Македонците зaглaвeни на границите тргнале кон дома

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва објави дека македонските граѓани кои патуваа кон дома, а поради вонредните состојби и затворените граници беа заглавени на меѓуграничните простори, се на пат кон Македонија.

Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија. Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија. Исто така, голема група македонски државјани кои чекаа на преминот Хоргош во Унгарија почнаа да влегуваат во Србија. Ве чекаме дома! – порача Димитров.