дома Македонија ДИМИТРОВ: Јас сум толку горд што го сменивме името

ДИМИТРОВ: Јас сум толку горд што го сменивме името

Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите народи. Ова го напиша министерот Димитров по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

– Драги Алексис, Јорго и Никос, Храброста и надежта го поразија стравот. Иднината е тука. Како што често вели Никос, историјата треба да биде учител, а не затвор. Јас сум толку горд со она што го направивме. Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите народи! Да живее визионерскиот патриотизам! – напиша Димитров.