дома Политика Димитров: Aкo нeмa пoчeтoк зa пpeгoвopи, гy6итници ќe бидeмe и ниe и...

Димитров: Aкo нeмa пoчeтoк зa пpeгoвopи, гy6итници ќe бидeмe и ниe и Бугарија и ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека треба да се продолжи со разговор за наоѓање решение за спорот со Бугарија и почеток на преговори на земјава во ЕУ, во спротивно, нагласува, и двете земји и ЕУ ќе бидат губитници.

Затоа, додава вицепремиерот за европски прашања, мислам дека не треба да креваме раце.

Мислам дека има посветеност во Лисабон, португалското претседателство да се направи се што може и затоа мислам дека треба да правиме се да ги искористиме шансите како ќе доаѓаат. Инаку, ако одиме по избори и календарот на избори на земјите членки секогаш ќе има некаков проблем – нагласи Димитров.

Тој вели дека нема гаранции оти земјава ќе ги почне преговорите во јуни.

Нема гаранции да бидеме реални. Не сакам ни надежта којзнае колку да ја поткревам. Мое е да го кревам влогот и да бидам што е можно поискрен и дома и надвор – рече Димитров.