August 18, 2022, 7:58 am

Димовски: Заев вчера излажа дека Шилегов води со 15.000 гласови, а Арсовска води во првиот круг 8.000 гласови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илија Димовски, екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во Телевизија 24 вечерва посочи дека Заев излегол вчера пред јавноста и рекол дека СДСМ и Петре Шилегов воделе со 15.000 разлика, а денеска гледаме дека губат 8-9 илјади разлика на трката за градоначалник, а на трката за Градскиот Совет СДСМ губи со 25.000 гласови, и појасни дека воопшто ваквите резултати не говорат дека е изедначено, туку се во полза на опозицијата.

-Во скопските општини кои се десет на број, во седум води Данела Арсовска, од кои и во Центар и во Карпош, додека Петре Шилегов води во три општини во Сарај, во Чаир и во Шуто Оризари, ако првиот круг Петре Шилегов го изгуби со 8.000 гласови, вториот ќе го изгуби најмалку со 18.000 гласови, рече Димовски.
Тој вели дека резултатите се евидентни и во вториот круг ќе бидат во полза на ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде победник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This