дома Актуелно ДИМОВСКИ: Заев повикува дебатата да се води во Собрание, од друга страна...

ДИМОВСКИ: Заев повикува дебатата да се води во Собрание, од друга страна пратениците на СДСМ бегаат од дебата за Тиранската платформа

На денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ го потсети Зоран Заев дека токму тој на вчерашното интервју изјави дека дебатата за сите проблеми во државата треба да се води во Собранието на Република Македонија.

Ваквата ситуација претходеше на говорот на пратеникот Антонио Милошоски кој што повика сите пратеници заедно да ја отфрлат Тиранската платформа и било какви договори правени во други држави. На оваа тема од пратениците на СДСМ за дебата се пријавил одвај еден пратеник што покажува за сериозноста односно обидот да се спречи дебата на оваа тема која што ја крена на нозе целата Македонија.