дома Македонија ДИМОВСКИ МУ ОДГОВОРИ НА МАНЧЕВСКИ: Остави ги Македонците да играат за Република...

ДИМОВСКИ МУ ОДГОВОРИ НА МАНЧЕВСКИ: Остави ги Македонците да играат за Република Македонија!

Министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски вчера ги нападна Стојанче Стоилов и Борко Ристовски за нивните изјави и гестови со кои јасно кажаа дека се противат на менувањето на името на државата во Северна Македонија.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски му одговори на министерот Дамјан Манчевски на својот Твитер профил и жестоко го искритикува.

-Ти си политичар. Зошто се мешаш во спортот со вакви пораки? Ако некој наш репрезентативец е против вашето предавство, тој е политичар? Не е, туку си ја сака државата, за разлика од вас. Засрами се, Дамјане. Остави ги Македонците да играат за Република Македонија, напиша тој на Твитер.