дома Политика Димовски: Нема атмосфера дека Македонија заслужила да добие датум за преговори

Димовски: Нема атмосфера дека Македонија заслужила да добие датум за преговори

Пратеникот Илија Димовски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прогнозира дека Македонија нема да добие датум за преговори, велејќи дека тоа е се поочигледно. Димовски во вечарашното гостување на 1ТВ, сепак истакна дека НАТО членството сме на пат да го добиеме.

-Ние живееме во една еуфорија од промена на власта. Дали ВМРО-ДПМНЕ посакува да добиеме датум за преговори, да. Зошто премногу труд е вложено во изминативе години. ВМРО-ДПМНЕ без разлика на сите критики, се посветувала на таа агенда. Од друг аспекст, ние во овие две години гледаме запоседнување на целиот систем, па дури и злоупотреби. На ВМРО-ДПМНЕ од тој аспек му одговара да отпочнат преговорите, и овие прашања да се отворат, рече Димовски.

Тој сепак вели дека немало атмосфера дека Македонија заслужила да добие датум.

-Ако имавме одлично досие, ќе беше многу тешко после Преспанскиот договор да се одбие Македонија. Одиме по тој пат на одбивање. Ја нема атмосферата дека Македонија заслужила и мора да добие датум за преговори, рече Димовски, додавајќи дека пет земји ќе бидат против Македонија, поради лоши резултати во реформите.