дома Македонија Димовски: Собранието нема легитимитет да влезе во оваа процедура

Димовски: Собранието нема легитимитет да влезе во оваа процедура

Со 71 глас за и 40 против усвоен е дневниот ред на собраниската седница и почнува расправата по владиниот предлог за пристапување кон измена на Уставот.

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ побара точката за промена на Уставот да се тргне од дневниот ред.

,,Нема легитимитет Собранието да влезе во оваа процедура, рече Димовски. „Никој не даде ветување за промена на Уставот. ВМРО ДПМНЕ во својата програма напиша дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име. И СДСМ ветуваше дека нема да се согласи со промена на Уставот, рече тој.